Шилегов работи на случајот ама вели дека не може да го реши загадувањето преку ноќ
На стартот на новата зимска сезона во главниот град и покрај сончевите денови со кои го испраќаме октомври, загадениот воздух се чувствува на големо.
Загадувањето стана топ тема а Скопје веќе се закотвува високо на листата загадени градови. Се дебатира, дискутира, анализира, но како ќе се преживее зимата ќе раскажуваме само да помине истата.
Таткото на градот вели дека загадувањето не може да се реши преку ноќ. Петре Шилегов смета дека Скопјани ги живеат последиците од негрижата за градот и на животната средина во последните три децении. Вели дека проблемот кој се таложи со години не бил решаван од неговите претходници но сепак посочува дека се работи на негово решавање.
-Во изминативе две години ги поставивме условите за суштинско решавање на загадувањето и работиме на намалување на истото кое доаѓа од домовите. Се работи на трансформација на јавниот превоз но и на зајакнати инспекциски контроли.
Во емисијата „24 Анализа“ Шилегов кажа и дека е готова проектната документација за спојување на трите топловодни мрежи на БЕГ, ЕЛЕМ Енергетика и Топлана Север за чија дистрибуција очекува лиценца до крајот на годинава.
