Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШИЛЕГОВ НАЈАВИ: Oд 15 ноември забрана за движење на возилата до Средно Водно

ШИЛЕГОВ НАЈАВИ: Oд 15 ноември забрана за движење на возилата до Средно Водно

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов од 15 ноември ќе го забрани движењето на возила во Средно Водно.

„Од 15 ноември ќе биде дозволено автомобили да се качуваат само до делот кај новиот пат кој води кон Сончев град. За да им овозможиме на граѓаните да стигнат до Средно Водно ќе воведеме повеќе автобуски линии, односно покрај постојната линија која од Транспортен центар вози до Средно Водно, ќе отвориме два нови пункта, едниот кај поранешна „Нова Македонија“ а вториот спроти Цветен пазар“ - најави Шилегов.

Новиот режим за движење на Водно нема да стартува овој викенд туку наредниот, затоа што Шилегов чека да постави нов директор на ЈСП„Скопје“, за да може да воведе нови автобуски линии.

Поради зголемување на загадениот воздух, особено во зимскиот период, Град Скопје покрена аларм против загадувањето. Петре Шилегов на презентирањето на проектите кои ќе ги реализира како градоначалник на Град Скопје рече дека приоритет за него се мерките против загадувањето на воздухот.

Според мерењата најзагадени се Ново Лисиче, Миладиновци, Велес, Тетово и Куманово.

Слично

Поврзани вести