Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов најави избор на спикер и промена на власта

Шилегов најави избор на спикер и промена на власта

Пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов потврди дека наскоро ќе има избор на нов собраниски спикер и промена на власта. 

 Сепак, тој не го соопшти начинот и датумот затоа што вели не сака да има конфликти.

„Никола Груевски не заслужува ниту една гребнатина, а не жртва на народот. Позади оваа Баба Рога наречена платформа стои едно разлигавено диктаторче кое сака да избегне одговорност“ - вели Шилегов.

Во врска со лидерска средба, Шилегов категорично одби, затоа што како што рече, нема со кого да разговараат и кажа дека тоа што се одвива на седницата не е дебата туку е срам.

Промени ќе има многу брзо, вели Шилегов.  Овој процес ќе биде откочен, а за Никола Груевски како нарачател и за Трајко Вељановски како спроведител на оваа лакрдија ќе следи кривична одговорност, додава тој. 

Слично

Поврзани вести