Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов најави дигитална новогодишна елка за Нова Година

Шилегов најави дигитална новогодишна елка за Нова Година

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, додека известуваше за својата работа синоќа на навршувањето на две години од неговиот мандат, најави дека годинава ќе се дигитализира елката на скопскиот плоштад.

Шилегов истакна дека елката, заедно со Винтерленд, се приоритет во напорите да се направи Скопје попривлечна дестинација во регионот, а за тоа придонес ќе даде и настапот на Дино Мерлин на скопскиот плоштад.

„Минатата година кога го промовиравме Винтерленд се соочивме со скептицизам, но потоа се покажа дека програмата е масовно посетена. Минатата година немаше никој од Скопје, можеби дури и Македонија кој немаше барем една фотографија под елката. Оваа година ќе има иновација, дрвото ќе се дигитализира, но ќе видите. Да не зборуваме за сè и да откриеме однапред “, рече Шилегов.


Слично

Поврзани вести