Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШИЛЕГОВ: МОЈАТА СЕМЕЈНА КУЌА Е ВО ФАЗА НА РЕКОНСТРУКЦИЈА - ќе чекам да видам до каде ќе оди лагата за мене, а потоа ќе ги изнесам сите документи

ШИЛЕГОВ: МОЈАТА СЕМЕЈНА КУЌА Е ВО ФАЗА НА РЕКОНСТРУКЦИЈА - ќе чекам да видам до каде ќе оди лагата за мене, а потоа ќе ги изнесам сите документи

Градоначалникот на Скопје и кандидат на локалните избори за уште еден мандат денеска одговори на нападите на опозицијата, нагласувајќи дека неговата семејна куќа е во фаза на, како што кажа, реконструкција, но нападите на ВМРО-ДПМНЕ ги нарече лага, додавајќи дека ќе почека да види до каде ќе оди лагата а потоа ќе ги презентира сите документи.

„Јас сум седум години во политиката, се изнаслушав сѐ и сешто за мене и тоа е стимулирана црна кампања од опозицијата. Во однос на ова прашање ќе почекам да видам до каде ќе одат со лажењето на скопската и македонската јавност и ќе направам само еден прес на кој ќе ги извадам сите документи во коишто во целост ќе се види лагата што се креира околу мојата семејна куќа која е предмет на реконструкција“, рече Шилегов, а пренесува МИА.

Тој посочи на повеќе реализирани активности во градот изминатите години наведувајќи дека тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ се само за дефокусирање на јавноста од сработеното.

„Кога од позиција на градоначалник на Скопје за само четири години ќе направите четири булевари, еден мост скоро завршен, еден мост започнат, ќе уредите јавни простори што можеби никој не помислил дека можеле некогаш да бидат уредени, ќе изградите 110 км велосипедски патеки со сериозна разлика, ќе изградите капацитет како што е Лајка со цел стретшки да се реши среднорочно проблемот со кучињата скитници, ќе ја вратите Дрисла од еден обид за криминална приватизација во сопственост на граѓаните многу е логично опозицијата во предворјето на изборите да се обидува да ја дефокусира јавноста на проблеми што не се врзани со престојните избори, а кои се врзани лично со градоначалникот Шилегов, рече тој.

Слично

Поврзани вести