Шилегов: Македонија ќе биде држава каде се почитуваат законите по разрешувањето на Зврлевски
Пратеникот Петре Шилегов посочи дека со разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски ќе започне процесот на враќање на правдата и сега ќе може да се воведат сите планирани реформи во правосудството.
- Разрешувањето на Марко Зврлевски го означува почетокот на реформите во судството, кои што ќе донесат правда и правичност за сите.Ова е прв чекор кон создавање независен и професионален судски систем, наспроти селективната правда и монтираните судски процеси што ги инсталираше раководството на ВМРО-ДПМНЕ, рече Шилегов.
По разрешувањето на Марко Зврлевски кое непотребно се оддолжи со недели треба да следи процедура на кандидирање на потенцијални заменици кои треба да бидат оценети и од Советот на јавни обвинители за потоа да се продолжи со процедурата во Собранието.
