Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов лут на Обвинителството: Една година помина, виновниците уште не се казнети

Шилегов лут на Обвинителството: Една година помина, виновниците уште не се казнети

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, упати лута реакција до Обвинителството дека се уште нема верификација по една година од пријавениот случај со операторот кој несоодветно третираше медицинскиот отпад на депонијата „Дрисла“.
„Помина точно една година откако го обелоденив скандалот со несоодветен третман на медицински отпад. Тогаш со фотографии и видеа укажав како нашите инспектори најдоа расфрлани отпадоци со кој се „хранеа“ кучиња скитници.

Една година потоа, скандалот нема никаква правна завршница. Поднесовме кривична пријава со очебијни докази, но виновниците не се изведени пред суд. Никој не е казнет за скандалозниот криминал“, реагира Шилегов.

Тој бара виновниците да бидат строго казнети за еколошкиот криминал од минатата година и со тоа да се даде пример за да нема повеќе вакви потенцијални опасности.

Слично

Поврзани вести