Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Кога сте неуспешен во животот, најлесно е да кажете-овој е пијандура!

Шилегов: Кога сте неуспешен во животот, најлесно е да кажете-овој е пијандура!

Кога некој е неуспешен во животот, тогаш најлесно му е да каже за некој дека е пијандура, вели скопскиот градоначалник.

Петре Шилегов гостувајќи во емисија на Алфа телевизија доби непријатно прашање преку социјалните мрежи но сепак без да штеди на зборови одговори на истото.

Запрашан која е ракијата која му прави најмногу главоболка, Шилегов посочи дека против него активно се води црна кампања.

Навраќајки се на времето кога беше жесток критичар на владеачката гарнитура на ВМРО ДПМНЕ, Шилегов одговарајќи на прашањето, посочува дека тогашната власт не можела да му најде слаба точка па така почнала црната кампања дека е алкохоличар.

Свесен за случувањата и како што ја нарече кампањата, црна тој потенцираше дека ретко кога конзумира алкохол.

-Јас многу ретко пијам алкохол-истакна Шилегов, потенцирајќи дека кога некој е инфериорен интелектуално, материјално и неуспешен во животот, а гледа некој сосема спротивен од него, тогаш е најлесно да се каже - овој е пијандура.

Слично

Поврзани вести