Шилегов: Ќе седнеме по инаугурацијата на Пендаровски
Петре Шилегов денеска како потпретседател на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање рече дека во партијата ќе се одржат состаноци за реорганизирање и промена на начинот на владеење по инаугурацијата на Стево пендаровски в недела како нов претседател на Македонија.
Градоначалникот на Скопје најави дека ќе се направат анализи и ќе се донесат одлуките, отакко по првиот круг од претседателските избори јавноста тоа го побара од владината коалиција а премиерот Зоран Заев го прифати како предизвик.
– Ќе седнеме во периодот што следува, да помине инаугурацијата на новоизбраниот претседател Стево Пендаровски и формално да бидат завршени изборите, ќе ги направиме сите потребни анализи, а потоа ќе бидат донесени сите соодветни политички одлуки, изјави Шилегов.
