Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов ќе поставува монтажни гаражи на Клинички

Шилегов ќе поставува монтажни гаражи на Клинички

Две нови монтажни катни гаражи ќе постави град Скопје во Клиничкиот центар Мајка Тереза, објавија од град Скопје по денешната седница  на Советот на градот. Во новата програма на јавното претпријатие Градски паркинг – Скопје стои дека се предвидуваат нови 1.500 паркинг места во градот во текот на оваа година.

Двете гаражи ќе чинат 50 милиони денари, со што капацитетот на ова паркиралиште предвидено е да се зголеми за дополнителни 350 паркинг места. Едната катна гаража предвидено е да биде изградена во непосредна близина на Клиниката за гинекологија, а другата во непосредна близина на Клиниката  за инфективни болести.

„Со изградбата на овие две катни гаражи ќе се зголеми проточноста на возилата во кругот на Клинички центар што во најголем дел се возила во сопственост на вработените. Со тоа ќе се намали сообраќајниот метеж кој подолг период се создаваше и го нарушуваше  редовното функционирање на Клиничкиот центар. На тој начин се излегува во пресрет, пред се, на потребите на пациентите кои ги користат услугите на Клиничкиот центар, а секако се излегува во пресрет и на дел од барањата на вработените на Клиничкиот центар, како и на студентите и наставниот кадар на Факултетот за медицина, стои во соопштението од град Скопје.

Слично

Поврзани вести