Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов ќе му помага на Трпковски од Сопиште да се исчисти снегот: Тврди дека истурил 1.000 тони сол во градот

Шилегов ќе му помага на Трпковски од Сопиште да се исчисти снегот: Тврди дека истурил 1.000 тони сол во градот

По обилните врнежи од снег и нисите температури во текот на изминатото деноноќие, денеска состанок одржа Кризниот штаб на Град Скопје, со кој раководи градоначалникот Петре Шилегов, информираа оттаму.

Соопштуваат дека од вечера се фрлени над 1.000 тони сол на градските булевари и улици. 


„Сите градски улици и булевари во текот на деноноќието беа чисти и проодни и никаде не е забележан застој на сообраќајот. Јавниот превоз се одвива без проблеми и нема одложени градски линии на ЈСП Скопје, а интензивно се расчистуваат снегот и мразот од тротоарите и од јавните површини. На состанокот беше потврдено дека Скопјани ќе ја дочекаат работната недела со целосно функционални улици и тротоари. Кризниот штаб заклучи дека ќе и помогне на општина Сопиште во расчистувањето на неколкуте општински улици кои што се сеуште блокирани, стои во соопштението.


Фактор веќе објави дека Стефче Трпковски кој е градоначалник на Сопиште а предложен од ВМРО-ДПМНЕ се пожали од Македонија пат.

Оттаму велат дека индустриската сол има ефект до - 7 степени целзиусови и поради ниските температури можно е појавување на голомразица на коловозот и апелираме на голема внимателност во сообраќајот.


„Град Скопје со жалење констатира дека определени политички структури и бивши високи градски функционири свесно креираа лажни вести за наводно блокирани градски улици, покажувајќи фотографии од минатото кое не е реалност денес, а беа карактеристични за времето на нивното управување со градот. Ги повикуваме граѓаните да не подлегнуваат на таквите лажни вести, стои во соопштението.


Слично

Поврзани вести