Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов ќе го продава градскиот пајтон и коњите

Шилегов ќе го продава градскиот пајтон и коњите

Град Скопје повеќе нема да го користи пајтонот кој се возеше низ централниот плоштад, а исто така на продажба ќе бидат ставени и набавените коњи липицанери како и додатната опрема.

Според образложението на град Скопје, немало голем интерес за изнајмување на градските пајтони и дека приходите од оваа активност воведена од претходната градска администрација не се доволни.

Пајтонот низ Скопје почна да вози во 2013 година. Откако беше набавен, Град Скопје секоја година издвојуваше по 40.000 евра од буџетот за негово одржување. За оваа атракција беа потрошени 14.000 евра, а дополнителни 18.000 евра се потрошија за набавка на двата липицанера кои беа купени од една приватна одгледувачница од Солун.

Според статистиката на Град Скопје, од почетокот на проектот до крајот на изминатата година, за пајтонот биле направени трошоци во висина од речиси 11 милиони денари, а приход од него имало незначителни 1,2 милиони денари, па затоа ќе биде ставен на продажба преку јавно наддавање. 

Слично

Поврзани вести