ШИЛЕГОВ ЌЕ ГО БИЛДА АДРЕНАЛИНОТ НА СКОПЈАНИ: Со зиплајн ќе се „лета“ од Кале до Парк
„За“ или „Против“ треба да се изјаснат денеска советниците во град Скопје за жичницата со која Шилегов ќе го крева адреналинот на Скопјани.
Според најавите оваа атракција ќе биде опремена со безбедносна опрема и систем за кочење со кој ќе се регулира брзината на движењето a зиплајнот ќе ги поврзе Калето во главниот град и Стара скопска чаршија како културно-историски амбиенти со музејот на Современа уметност и Градскиот парк.
Од Калето преку Вардар воздушен превоз со зиплајн жичница на крајна дестинација во градскиот Парк е планираната рута .
Должината на зиплајнот е предвидено да биде 400 метри. Тендерот ќе се распишува напролет а од Град Скопје се надеваат дека Скопјани ќе почнат уште летово да ја користат адреналинската жичница.
Најдолгиот зиплајн во светот се наоѓа на планината Џабел Џес во Обединетите Американски Емирати и токму тој со должина од околу 2,8 километри и влезе во Гинисовата книга на рекорди.
