Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов ќе ги „пушти“ бродовите во Вардар низ вода

Шилегов ќе ги „пушти“ бродовите во Вардар низ вода

Новиот скопски градоначалник Петре Шилегов во гостувањето на Анализа на ТВ24 откри дека потпишал налог за дислоцирање на галиите кои практично на десетина метри се поставени една до друга во центарот на Скопје и значително го блокираат коритото на реката Вардар.

- Бродовите го попречуваат нормалниот тек на водите и доколку се зголеми нивото на реката може да дојде до нејзино излевање – изјави тој во интервју на ТВ24.

Најспорно е тоа што овие објекти претставуваат урбана опрема според документацијата издадена од градот, иако се градби на неколку ката.


Слично

Поврзани вести