Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов ќе ги ослободува заробените дрвја

Шилегов ќе ги ослободува заробените дрвја

Во иднина ниту едно дрво во главниот град нема да биде заробено. Ова го тврди скопскиот градоначалник кој се пуштин во акција за ослободување заробени дрвја.

Акцијата предизвикана од градежен материјал при нестручно изведени градежни активности на јавните површини стартува од Дебар Маало каде во моментов има најмногу заробени дрвја.

Шилегов вели дека поради лудата урбанизација придонела да се заборави животната средина па оттука порачува и дека градот ќе направи се за да се ослободат дрвјата кои се развиени а се природен прочистувач на воздухот.

Во скопски Аеродром Шилегов информираше дека се мапирани околу 20 дрвја кои ќе се ослободат уште денеска.

Слично

Поврзани вести