Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Јолевски да објасни што зборувал со Рохрабакер

Шилегов: Јолевски да објасни што зборувал со Рохрабакер

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска на прес-конференција побара Зоран Јолевски, министерот од ВМРО-ДПМНЕ  да објасни што се зборувало на неговата средба со конгресменот Дејна Рохрабакер. 

„Дали таа средба е повод за контроверзните изјави на американскиот конгресмен за распад и поделба на Македонија? Министерството за одбрана пак, е должно да одговори со кој друг се сретнал министерот Јолевски. Дали тоа биле приватни или службени средби и дали македонската јавност треба да очекува нови контроверзни изјави како резултат на посетата и средбите на Јолевски. Ако според официјалните информации посетата на Јолевски на САД била и приватна и службена, тогаш кој ги платил трошоците за таквите посети? Кој го платил преклопувањето на партијата и државата и дали Јолевски од позиција на министер лобирал за партиски интереси? “- праша Шилегов. .

СДСМ им порачува на граѓаните да бидат спокојни. Македонија нема да се распадне. Велат единствено што што ќе се распадне е криминално-коруптивниот систем што го создаде Никола Груевски. Промените кои што ги носи СДСМ се гаранција за стабилноста на Република Македонија. Доаѓа живот за сите граѓани, кажа Шилегов.

Слично

Поврзани вести