Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Јавното обвинителство мора целосно да го расчисти насилството

Шилегов: Јавното обвинителство мора целосно да го расчисти насилството

Јавното обвинителство мора целосно да го расчисти насилството во Собранието,  изјави денеска Петре Шилегов, портпарол на СДСМ.

„Сo упадот во Собранието извршени беа тешки кривични дела. Се случи терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, беше направен обид за убиство на пратеници, беа нападнати новинари, и вработени во Собранието. Мора да има брзо и ефикасно решавање на сторените тешки кривични дела. Тоа се очекувањата на целата македонска, меѓутоа и меѓународна јавност“ - вели Шилегов. 

Шилегов очекува претседателот, Ѓорѓе Иванов да постапи согласно неговата уставна обврска и дека во уставниот рок ќе се заврши таа работа. 

Слично

Поврзани вести