Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Ја реконструирам семејната куќа поради застарена инсталација

Шилегов: Ја реконструирам семејната куќа поради застарена инсталација


Петре Шолегов, актуелниот градоначалник на Град Скопје, во „Студио 10“ на ТВ24 рече дека ја реконструирал семејната куќа затоа што инсталацијата била застарена.

„Мене ми е криво што нападите на ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат кон мене лично. Тие се со цел да бидам дискредитиран во очите на јавноста. Тоа не се напади на политиките на градот и јас од нив не успеав да слушнам со кои политики, проблемите да бидат решени. Што се однесува до куќата, ја реновирам поради застарената инсталација. Сепак тоа е нивно право и гледам дека има црна кампања против мене“, вели Шилегов.

Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека скопскиот градоначалник има дозвола за реконструкција, а тоа е дозвола со која се дозволува ставање на нова фасада или изведување на градежни работи кои нема да го променат габаритот на зградата, но не и дозвола за надградба.

„За разлика од реконструкција, Шилегов направи надградба на уште два ката, нешто за што нема дозвола. Шилегов има зграда која е повисока за два ката од сите останати куќи. Шилегов нема документ со кој ќе докаже дека зградата е изградена законски“, реагираше претходно опозициската партија.


Слично

Поврзани вести