Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Иванов избра да ја продлабочи кризата и да замине во Азербејџан

Шилегов: Иванов избра да ја продлабочи кризата и да замине во Азербејџан

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов вели дека во време кога Македонија се соочува со една од најголемите политички и институционални кризи, креаторот на кризата претседателот Ѓорге Иванов реши да замине од државата.

Шилегов додава дека наместо да го послуша ставот на мнозинството граѓани и на меѓународната јавност и да го додели мандатот за составување на нова влада, Иванов под влијание на Груевски, избра да ја продлабочи кризата и да замине во Азербејџан.

„Повеќе од три месеци, Македонија е без легитимна Влада! Државен приоритет на Република Македонија е да се формира Влада, во интерес на граѓаните. Во отсуство на Иванов, Македонија останува без единствената каква-таква функционална институција. Собранието се уште нема избрано Претседател, а Владата и министрите имаат ограничени ингеренции. Со ваквото несериозно, но и опасно однесување, Иванов докажа дека единствената закана по безбедноста и стабилноста на Македонија се токму тој и неговиот ментор Никола Груевски. Непочитувањето на мнозинската волја, прекршувањето на Уставот и напуштањето на државата во период на длабока политичка криза, докажуваат дека Иванов е подготвен да ја држи целата држава во заложништво само за да спаси Груевски и неговите неколкумина соработници од одговорност. Сето ова е опасно играње на Иванов со безбедноста и стабилноста на Република Македонија“ - изјави Шилегов. 

Граѓаните гласаа за промени и за Програмата на новата Влада и таа мора час поскоро да стане реална програма која ќе биде во функција на решавање на проблемите на граѓаните и стабилизација на државата на секое поле, додава портпаролот на СДСМ. 

Слично

Поврзани вести