Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Инспекторите пријавија пожар во Долно Лисиче

Шилегов: Инспекторите пријавија пожар во Долно Лисиче

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов информира дека градските инспектори синоќа затекнале пожар во близина на црквата кај Долно Лисиче во кој бил горен кабаст отпад, гуми и пластична амбалажа.
„При рутинска контрола, дежурните екипи на Инспекторат на Град Скопје, вчеравечер во населбата Долно Лисиче во непосредна близина на црквата забележаа пожар од кој се ширеше голем чад и продорен мирис. Проценката на градските инспектори е дека станува збор за запален кабаст отпад, гуми и пластична амбалажа. Сторители на лице место не се затекнати. На терен веднаш беше повикана Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, чии екипи пристигнаа во најбрз можен рок и веднаш пристапија кон гаснење на пожарот и истиот за кратко време беше локализиран“, објави Шилегов на Фејсбук по реакциите за високото ниво на загаденост околу оваа скопска населба.

Тој додава дека пожарот не бил пријавен од околните жители и дека инспекторите ќе продолжат да трагаат по сторителите.

„Градските инспектори ќе спроведат истрага за пронаоѓање на несовесните граѓани – сторители на ова дело, поради предизвикување општа опасност по околните објекти и загрзоување на здравјето на жителите на град Скопје.

Пожарот не беше пријавен од околните жители на отворената линија 193, туку откриен при рутинска контрола на градските инспектори. Градот Скопје апелира граѓаните штом забележат оган на отворено, да не чекаат туку веднаш да го пријават на 193, за да може огнот што побрзо да се изгаси, а сторителите да се санкционираат“, објави дополнително градоначалникот.


Слично

Поврзани вести