Шилегов го критикува Филипче: Да станете петта партија во Скопје, трета во Македонија, што е тоа ако не катастрофа?
Поранешниот градоначалник на Скопје и член на СДСМ, Петре Шилегов побара оставка од актуелното раководство на партијата поради катастрофалните резултати од работењето.
Тој рече дека е спорна одлуката на претседателот Венко Филипче да не учествува во лидерската средба, што не е одлука донесена од партиските тела, а објаснувањето „не седиме на маса со криминалци“, според него е апсурдно.
Oд СДСМ одговорија дека ВМРО-ДПМНЕ сака да ги сруши преку Шилегов.
„Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ одвнатре продолжуваат преку Петре Шилегов. Тоа веќе на сите им е јасно. Не се знае само дали Шилегов е уценет или купен? , прашуваат од СДСМ.
Велат дека имајќи ги предвид неговите склоности, пороци, приватните слабости и долгови, предавството на Шилегов на сопствената партија и на членовите на СДСМ е очекувано.
фото принтскрин
