ШИЛЕГОВ ГО КАЗНИ ТЕМЕЛКОВСКИ СО 1.800 ЕВРА - причина е исеченото дрво за да се гледа билбордот
Град Скопје ја казни општината Кисела Вода и нејзиниот градоначалник Филип Темелковски со казна од 1.800 евра.
Причина за оваа санкција е сечењето на дрвото во општината, што беше направено со цел да се гледа билбордот на Филип Темелковски, актуелен градоначалник на Кисела Вода, но и кандидат за градоначалник на претстојните избори.
„Инспекторатот на Град Скопје, денеска на општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1.800 евра поради бесправно исечено дрво на булеварот Борис Трајковски. Дрвото е исечено без дозвола и одобрение од Град Скопје.
Заштитата на зеленилото е врвен приоритет во животната средина, а брзата реакција е потврда дека градските инспекциски служби се на висина на задачата и дека неказнивоста во Скопје повеќе нема да се толерира“, се вели во соопштението од Град Скопје објавено на официјалната фејсбук страница на оваа локална самоуправа.
Фактор веќе објави за сечењето на дрвото, а денеска активисти на Зелен Хуман град засадија ново дрво.
Слично
