Шилегов го брани оданочувањето на тераси и подруми
Градоначалникот на Град Скопје ги отфрли обвинувањата кои се појавија на социјалните мрежи за плаќање на дополнителен данок за тераси и подруми. Тој рече дека и терасите и подрумите се дел од недвижниот имот и затоа доколку некој поседува таков имот, треба да плаќа данок за тоа.
Обвинувањата тој ги нарече обид за дискредитирање на нечија работа. “Не е новост ова, бидејќи на секој имотен лист фигурираат и терасите и подрумите како дел од целокупниот имот, затоа не е новост плаќањето данок за нив“, рече Шилегов.
Градоначалникот на Скопје упати повик до граѓаните кои се уште не го пријавиле својот имот, да го пријават за да не се соочат подоцна со проблеми.
Слично
