Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов ги постави првите тројца директори на јавни претпријатија

Шилегов ги постави првите тројца директори на јавни претпријатија

Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов ги постави првите тројца нови директори на јавните претпријатија ЈСП „Скопје“, „Водовод и канализација“ и „Улици и патишта“.

Со негово одлука за градските автобуси на ЈСП „Скопје“ ќе се грижи Кристијан Чушков, на ЈП „Водовод и канализација“ е поставен Душко Весковски кој го заменува Александар Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ, а на ЈП „Улици и патишта“ Сенад Смаиловиќ.

Ова е прва промена на директорските места во јавните претпријатија под надлежност на Град Скопје. Во наредниот период се очекуваат промени и во останатите јавни претпријатија и културни институции кои се под надлежност на градот Скопје како единица на локалната самоуправа. 

Засега нема најави за промена на директори на училишта иако и тоа е сосема извесно секогаш кога доаѓа до промена на локалната власт.


Слично

Поврзани вести