Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов ги изброја дрвата во Скопје, го објави бројот

Шилегов ги изброја дрвата во Скопје, го објави бројот

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, во најавата за воведување на катастар на зелените површини наведе дека во главниот град досега се евидентирани 65.844 дрвја и 28.395 грмушки по геодетско снимање и прегледот на парковска инфраструктура. 

Градоначалникот наведе дека е изработена ГИС апликација за преглед и управување со јавното зеленило на територијата на Град Скопје.

– Со геодетското снимање опфатено е зеленило на површина од 650 хектари. Во оваа фаза тоа го опфаќа булеварското зеленило и парковското зеленило што е под надлежност на Град Скопје. Исто така реализирана е т.н. инвенторизација на теренот која подразбира попис на дрвјата и грмушките, со собирање податоци за видот на дрвото, неговата здравствена состојба, големина, ширина и неговата точна местоположба. Досега се попишани точно 65.844 дрвја и 28.395 грмушки. Во следните фази предвидено е снимање на зелените површини на институциите што се под надлежност на Град Скопје (јавните претпријатија, јавните установи, средни училишта… – нагласи Шилегов.

Евиденцијата на зеленилото ќе се надополнува и во соработка со скопските општини, односно со податоците од блоковско зеленило, зеленило под надлежност на основните училишта и градинките кои се под нивна надлежност. 

Понатаму во „зелениот катастар“ се предвидува и отворање модул во кој секој граѓанин ќе може да го впише и зеленилото од сопствениот двор.


Слично

Поврзани вести