Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Фактички убивате деца за да останете на власт

Шилегов: Фактички убивате деца за да останете на власт

Фактички убивате деца за да останете на власт, обвини денеска во Собранието, пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов. 

Оваа изјава кој се однесува на членовите на ВМРО-ДПМНЕ предизвика бурни реакции кај пратениците од оваа партија. 

„Втор ден по ред се обидуваме да се убедиме што значи парламентарна демократија во една држава. Во парламентарната демократија владее оној кој ќе го обезбеди мнозинството во Собранието, во случајов оној кој ќе обезбеди 61 пратеник по што следува мирно примопредавање на власта. Со цел да се избегне тоа два дена очајно се обидувате да ни објасните што всушност значи демократија“ - вели Шилегов.

Шилегов додава дека два дена во Собранието се зборува за се само не за точките кои се на дневен ред.

Седницата продолжи со реплики и контрареплики по паузата. 

Слично

Поврзани вести