Шилегов: Емпорио Мол е пример дека власта се грижи за сопствените бизнис интереси
Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска на прес-конференција изјави дека деловниот простор Емпорио Мол што го гради фирмата Трансмет на Сеад Кочан, медиумскиот и бизнис партнер во бегство на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ е класичен пример за тоа како власта независно дали на општинско или на државно ниво, се интересира само за сопствените бизнис интреси, а не за интересите на граѓаните.
„Првичниот проект предвидувал деловен простор од 15.000
квадратни метри од коишто, во најголем дел, 11.400 квадратни метри деловен
простор за Трансмет. Беше предвиден простор од само 3.600 квадратни метри
за општина Ѓорче Петров, односно за потребите на граѓаните. Власта на ВМРО-ДПМНЕ во општина Ѓорче Петров прави измена
на ДУП и му овозможи на Трансмет нови 15.000 квадратни
метри деловен простор. предвидените 3.600 метри квадратни за општината
остануваат непроменети. Граѓаните се излажани, законите се изиграни. Наместо да
добијат 25 проценти од комплексот, согласно договорот, Општината и
државата сега имаат двојно помалку простор, додека просторот за
Кочан двојно расте. Потребни се итни промени на власта, бизнисот за Кочан во
Ѓорче е уште една потврда на тоа Дополнително, со промените Кочан и Трансмет добиваат дури 40% попуст за комуналии! Ова е само еден од многуте бизниси што ги доби Кочан од
власта на Груевски во заминување. Ваквите зделки се уште една потврда дека што
побрзо мора да се спроведе мнозинската волја на граѓаните за промени и да се
овозможи да функционира правдата“ - изјави Шилегов. Вели дека криминалците не смеат да бегаат од државата и ни ден
повеќе да раководат со парите на граѓаните и со Република Македонија.
На Македонија и треба нова реформска
Влада којашто ќе се грижи за граѓаните и ќе обезбеди функционална
држава.
