Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШИЛЕГОВ Е ЕДЕН ОД АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“: Вели дека Обвинителството не дава шанса на самата постапка

ШИЛЕГОВ Е ЕДЕН ОД АДВОКАТИТЕ НА ОБВИНЕТИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“: Вели дека Обвинителството не дава шанса на самата постапка

Откако на вчерашното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната на обвинетите рече дека не го примиле изменетото обвинение, адвокатите на обвинетите велат дека Обвинителството е несериозно.

Еден од адвокатите кои застапуваат обвинет е и екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, чија професија е адвокатурата.

Според него, обвинителството е несериозно кон сите инволвирани во случајот.

„Обвинителството е несериозно, несериозно е кон судот, несериозно е пред се кон семејствата на загинатите, несериозно е кон одбраната и несериозно е кон обвинетите лица. Ако дозволиме било што да поминува како што посакува обвинителството, ние на крајот на денот нема да дојдеме до она за што сите се залагаме, а тоа е одговорните лица да ја сносат одговорноста, невините лица што ги има доста во овој предмет со оглед на квалификацијата на делото да бидат да бидат ослободени од вина. Меѓутоа, со ваквото однесување на обвинителството едноставно, не се дава шанса на самата постапка, рече Шилегов. 



Слично

Поврзани вести