Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: „Десните не се искрени, не знаат како, не ги сакаат луѓето“

Шилегов: „Десните не се искрени, не знаат како, не ги сакаат луѓето“

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов доцна синоќа објави статус на фејсбук во кој зборува за своите убедувања, но и за односот на десничарите.

„Оние другите (десните) секогаш кога е криза, очајно се обидуваат да фатат приклучок. Ама неспретно. Бидејќи не се искрени. Не знаат како ... Бидејќи не ги сакаат луѓето. Се сакаат само себе си. И својот интерес, стои во постот.


Еве што друго напиша:

„Јас сум левичар. До коска. Затоа што ги сакам луѓето.

Не знам дали сте приметиле, драги мои, дека во секоја криза, се бараме едни со други. За да си помогнеме.

Оние другите (десните) секогаш кога е криза, очајно се обидуваат да фатат приклучок. Ама неспретно. Бидејќи не се искрени. Не знаат како ... Бидејќи не ги сакаат луѓето. Се сакаат само себе си. И својот интерес.

За се’ друго лажат. Затоа се неспретни. Во лажната “љубов”, во “душегрижништво” ...

Со десна се крстат, а со лева крадат“


Слично

Поврзани вести