Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов: Децениското недомаќинско грижење доведе до енормно загаден воздух

Шилегов: Децениското недомаќинско грижење доведе до енормно загаден воздух

Децениската апсолутна негрижа кон животната средина, како и масовното сечење на дрвјата, уништувањето на  назаштитените подрачја и општо недомаќинско однесување кон природата доведе до енормно загаден воздух. 

Oва е оценката на скопскиот градоначалник Петре Шилегов кој денеска е дел од Форум за јавни политики: Интегриран пристап за заштита на квалитетот на воздухот: Унапредување на соработката помеѓу централната власт, локалната власт и граѓанските организации. 

На форумот во организација на Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање и на УСАИД се дискутираше за можностите за унапредување на соработката за заштита на квалитетот на воздухот.

Градоначалникот Шилегов им се заблагодари на Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање и на УСАИД за организацијата на форумот во контекст на можноста да се дискутира за унапредувањето на соработката помеѓу централната власт, локалната власт и граѓанските организации во насока на обезбедување на еден интегриран пристап за заштита на квалитетот на воздухот.

- Денес сме тука да продолжиме со нашите намери да обезбедиме еден системски и интегриран пристап во решавањето на проблемот со загадувањето на воздухот. Ваквиот пристап покрај активностите преземени од страна на централната и локалната власт подразбира и активно вклучување на граѓанските организации, академијата, бизнис заедницата, медиумите, неформалните иницијативи и други заинтересирани страни.

Работевме на изнаоѓање на оперативно решение како засилен комунален надзор, и надзор за заштита на животната средина од недозволените палења што партиципираат како сериозен дел во процентот на загадувањето.Дополнително, работевме на решавање на одредени сообраќајни решенија, заедно со министерствата и општините, со цел да се обидеме во претстојната сезона да ги ублажиме ефектите од загадувањето на воздухот, изјави градоначалникот Шилегов на форумот.

Имајќи предвид дека здравјето на нашите граѓани е од најголема важност, Градоначалникот Шилегов потенцираше дека намалувањето на загададувањето е приоритет и Градот Скопје во наредниот период посветено ќе работи на низа мерки кои ќе имаат за цел намалување на загадувањето.

Слично

Поврзани вести