Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шилегов да се повлече од идејата за парк кај Универзална: Архитекти со реакција

Шилегов да се повлече од идејата за парк кај Универзална: Архитекти со реакција

Да, на градот му треба поголема и посовремена концертна сала, но не и уништување на симболот на градот. За сала со поголем капацитет потребна е друга поголема и попристапна локација, велат во својата реакција од здружението City Scope. Реакцијата следува по објавата на Град Скопје за Конкурс за идејно решение за летна парк сцена на местото на Универзална сала која треба да се руши.

„Во знак на 57 годишнината од земјотресот, градоначалникот на Скопје ќе ја руши Униврзална сала! Еден ден по одбележувањето на 57 години од земјотресот во 63-та, градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов излегува со конкурс за „парк со летна сцена на местото на Универзална сала“. Вчера сите се навративме на страотните спомени, но и надежта за едно поубаво и похумано Скопје, па затоа апелираме до Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов да го повлече објавениот конкурс за „парк со летна сцена на местото на Универзална сала, стои во реакцијата.

Велат дека Универзална сала е дел од симболите на градот, коишто потсетуваат дека Скопје е град на солидарноста. 

„ДА, на градот му требаат и нови паркови и зеленило, но не на местото на овој објект. Универзална сала не треба да биде компензација за зеленилото на фабриката Треска со спорниот ДУП. ДА, на градот му треба сеопфатно урбано планирање и градски архитект, а не расцепкани, избрзани и неквалитетни решенија кои го дополнуваат хаосот и самоволието во сите општини. Конкурс не секогаш е решение и е далеку од сеопфатно решение на ниво на град. А и досега се покажал како чисто популистичка и манипулативна процедура за злоупотреба на јавното добро, стои во соопштението.

Додаваат дека на градот му се потребни рушења на објекти кои узурпираат јавен простор, попречуваат проток на движење или се дивоградби, секако тука не смее да спаѓаат симболи на градот Скопје. 

Јавноста бурно реагираше на оваа идеја.

Слично

Поврзани вести