Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШИЛЕГОВ: Да не дозволиме проектот „Скопје 2014“ да го уништува Скопје и понатаму

ШИЛЕГОВ: Да не дозволиме проектот „Скопје 2014“ да го уништува Скопје и понатаму

Никогаш да не ти се повтори, истакна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на изложбата во Градскиот парк со која се одбележува 57-годишнината од катастрофалниот земјотрес, што го срамни со земја градот на 26.јули 1963 година.

Истакна дека не смееме да дозволиме проектот „Скопје 2014“ да продолжи да го уништува тоа што остана неуништено во градот.

-Затоа не смеат да се градат „Шпанските скали“. На Скопје му требаат нови паркови и нови зелени површини, околу ова прашање сите се согласуваме. Ние, сегашните жители на Скопје, ќе продолжиме да градиме мостови, паркови, булевари и ќе продолжиме да се грижиме и да го сакаме Скопје, истакна скопскиот градоначалник. 

Истовремено, Шилегов потенцираше дека во овој период се носи Деталниот урбанистички план Мал ринг и дека Градот како институција и тој како градоначалник ќе направат се лудилата кои се случуваа во изминатиот период, повеќе да не се повторуваат. 


Слично

Поврзани вести