Шилегов: Да ја сакате толку Македонија немаше да ја пљачкате
Пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов денеска во Собранието ги обвини ВМРО-ДПМНЕ дека ја пљачкаат Македонија.
Тој кажа дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гледаат како да се спасат. Шилегов вели дека е добро во Македонија да се развива демократскиот процес и дека не е ништо страшно по 11 години ВМРО-ДПМНЕ да замине во опозиција.
„Вашите изјави се засноваат на лаги. Вие сте најголеми национални предавници во историјата на Македонија. Поддржувате човек кој го урниса Уставот. Да ја сакате толку Македонија, немаше да ја пљачкате толку многу. Не е страшно да осетите како владее правото. На крајот ќе останете партија со пет пратеници“ - вели Шилегов.
Тој го потсети претседавачот Трајко Вељаноски дека четири недели претседава нелегитимно со седницата, на кој вели дека се кажуваат лаги.
Ова е 13-то продолжение на конститутивната седница.
