Шилегов: Апликацијата „Мое Скопје“ е достапна за граѓаните
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денеска посочи дека апликацијата „Мое Скопје“ е веќе достапна на секој граѓанин.
„Контактот помеѓу администрацијата и граѓаните ќе биде дигитален. Граѓаните во секое време ќе знаат каде ќе биде нивниот предмет, и граѓаните преку таа апликација во секое време ќе можат да се обратат на својот градоначалник.“ Додека другите само празно зборуваат за модерно Скопје, ние тоа во пракса го спроведуваме. Скопје станува прв целосно дигитализиран главен град во регионот. Со проектот „Смарт Сити“, рече денеска Шилегов.
Шилегов укажа дека „она што некои го зборуваат, град Скопје веќе го има имплементирано и го завршува“, и им порача на скопјани да ја побараат апликацијата „My Skopje“ – „Моето Скопје“, која е веќе достапна за корисниците на андроид на Google Store, а наскоро ќе биде достапна и за корисниците на уреди „Епл“.
