Шилегов: Ако некој краде ќе му требаат 6,2 години за да ги стигне Мијалков и Груевски
Попаметните од мене пресметале ако некој дневно краде по 2 милиони евра, како благајникот од НЛБ, ќе му требаат 6,2 години секојдневно да краде за да ги стаса Сашо Мијалков и Никола Груевски кои украдоа 5 милијарди евра, изјави денеска пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов.
Тој преку процедурална забелешка го замоли претседавачот, Трајко Вељаноски, да ги опоменува пратениците да се држат кон говорот на тој што зборувал, а не да прозиваат пратеници кои се присутни или не присутни во салата за пропагандистички цели.
Пратеникот Димитар Стеванџија предложи СДСМ или да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да ја отфрли платформата и да се направи малцинска влада со 100 пратеници или да се организираат нови избори.
Весел Мемеди од Алијансата за Албанците рече дека предлогот за формирање коалиција со 100 пратеници Македонци ќе остави тешки последици врз државата. Според него, нови избори не се решение за излез од кризата.
Денеска е 12-то продолжение на конститутивната седница во Собранието.
