Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШЕСТОСЕДОТ НА ПОПОВА ШАПКА ОТВОРЕН ЗА ПОСЕТИТЕЛИ - се чека првиот снег за старт на скијачката сезона

ШЕСТОСЕДОТ НА ПОПОВА ШАПКА ОТВОРЕН ЗА ПОСЕТИТЕЛИ - се чека првиот снег за старт на скијачката сезона

Шестоседната жичница во рамки на Ски центарот Попова Шапка од денеска е достапна за љубителите на планините и ски спортовите. Сепак, поради недостаток на снег, деновиве таа ќе бидат наменета само за љубителите на прошетка на отворено и на чист воздух. 

- Ве информираме дека шестоседната жичница ќе биде во целосна функција и отворена за панорамски прошетки, нудејќи им на посетителите уникатно доживување и прекрасни погледи кон нашата планинска околина.

Во однос на климатските услови, истите остануваат непроменети. Сепак, се надеваме дека свежите снежни врнежи ќе пристигнат наскоро, што ќе овозможи скијачката заедница целосно да ужива во ски-патеките на нашиот ски-центар.

Со подобрување на условите, планираме официјално отворање на зимската сезона и со нетрпение очекуваме да ве пречекаме за сезона исполнета со спорт, забава и незаборавни искуства - се наведува во објавата на Фејсбук. 


Фото: Принтскрин/Фејсбук

Слично

Поврзани вести