Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шестмина заболени од корона во маркет во Велес, ќе ги менува нов персонал

Шестмина заболени од корона во маркет во Велес, ќе ги менува нов персонал

Шестмина вработени во маркет во велес се позитивни на корона вирусот, за Tелма  потврдуваат од Државниот здравствен инспекторат. Првата вработена која имала симтоми позитивниот тест го добила на 12 ти месецов а потоа се изолирани и сите вработени кои имале блиски контакти со неа, при што шестмина од нив подоцна се покажале како заболени но сепак не оделе на работа. 

- Во меѓувреме првично беа потврдени како позитивни и четворица членови на фамилијата на првозаразената, а сега и уште двајца членови на една вработена. Но, сметаме дека кругот е затворен бидејќи сите од првиот момент биле во самоизолација. Од вторник сите вработени во маркетот ќе бидат заменети со целосно нов персонал, а во објектот ќе извршиме и механичко чистење, потврди Ирина Сотирова Бухова од ДСЗИ.

Телма информира декапрвата вработена која е позитивна на корона била во Куманово од каде се смета дека и се инфицирала.


Слично

Поврзани вести