Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шестмина во притвор за несреќата во Ласкарци, манипулирале со тахографот и сопирачките

Шестмина во притвор за несреќата во Ласкарци, манипулирале со тахографот и сопирачките

Јавното обвинителство денеска објави дека пест лица, вклучувајќи го и сопственикот на „Дурмо турс“ и возачот на автобусот од фаталната несреќа кај Ласкарци, се во притвор а истражна постапка покажа дека тие манипулирале со тахографот да покажува помала брзина и помало „работно време“ на автобусот, а неисправните сопирачки ги прикажувале дека работат. Во моментот на несреќата автобусот возел со 99 километри на час, а дозволено било 80 на патот Тетово - Скопје.

Сопственикот и управителот на Дурмо турс не го организирал превозот согласно законските прописи. Раководителот е приведен поради манипулации со тахографот и така овозможиле секојдневно да превезува патници автобусот.

Осомничени се и тројца кои се грижеле технички за автомобилот. Последниот преглед бил извршен во декември 2018-та. Сопирачките не биле исправни упте на претходниот преглед во јуни, а во декември издале документација дека е исправен иако знаеле дека сопирачките на работат како што треба.

Возачот го управувал автобусот со 99 километри на автобусот и го манипулира тахографот да покажува помала брзина.

„Како резултат на сите овие пропусти доаѓа штетната последица“, истакна Сашо Рајчевм јавниот обвинител кој го води случајот во кој загинаа 15 патници од Гостивар и неколкумина се бореа за живот.

Сите се во притвор поради тешки дела против безбедноста во сообраќајот.

Слично

Поврзани вести