Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШЕСТИ СЛУЧАЈ ВО СВЕТОТ: Kaj нас излекуван пациент кај кого коронавирусот довел до воспаление на мозокот

ШЕСТИ СЛУЧАЈ ВО СВЕТОТ: Kaj нас излекуван пациент кај кого коронавирусот довел до воспаление на мозокот

Излекуван e пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот. 

Mинистертот за здравство, Венко Филипче објави дека во ГОБ „8 Септември“ е излекуван пациент кај кого коронавирусот предизвикал воспаление на мозокот. 

„Ова е шестти познат случај во светот каде ковид-19 развил ваква клиничка слика – велат докторите кои му го спасиле животот на младиот човек. Ова е реткост во светот и убава вест меѓу медицинските работници во установата кои со месеци секојдневно водат битки со ковид-19. Тие се надеваат дека новиот ден ќе донесе помалку ново заболени. Вирусот е непредвидлив. Чувајте се, почитувајте ги мерките и заштитете се. Денеска, за првпат се регистрирани рекордни 336 оздравени пациенти!“, напиша Филипче на Фејсбук.

Во болницата „8 септември“ денеска се примени нови девет пациенти, десет оздравеле а двајца починале. На респиратор се четворица пациенти.

Во Македонија денес има нови 205 заболени од коронавирусот.

Шест пациенти ја изгубија битката со вирусот. 

Слично

Поврзани вести