Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шестгодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа

Шестгодишно дете тешко повредено во сообраќајна несреќа

На 09.04.2018 година околу 14,55 часот во с.Будаково-битолско, патничко моторно возило „Опел Вектра“ со швајцарски национални ознаки управувано од А.Б.(29) од с.Канатларци удрил во шестгодишно дете, кое управувало велосипед.

 Возачот со повреденото дете се упатил кон Битола, но по пат се пресретнал со екипа на Итната медицинска помош којашто го пренела детето во Клиничката болница во Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

 Увид на  местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Битола. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Слично

Поврзани вести