ШЕСТА РУНДА СОБРАНИСКО ПРОДОЛЖЕНИЕ: Сите чекаат избор на претседател а пратениците се мајтапат
Дали и шестото продолжение на собраниската конститутивна седница ќе помине како и минатата недела?
Прашање чиј одговор ќе го знаеме денеска.
Минатата недела помина речиси без суштинска дебата меѓу пратениците за точките кои се на дневен ред, за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Пратениците со меѓусебни реплики и контрареплики се обвинуваа за платформи, за направено и ненаправно во земјата.
Пријавени за првата точка - избор на претседател и членови на Комисијата се 51 пратеник за дискусија.
ВМРО-ДПМНЕ во комисијата ќе има шест членови, СДСМ ќе има пет, а ДУИ и БЕСА по еден член.
Слично
