ШЕСТ ЗАКАНИ ПО ЖИВОТ ЗА ЗАЕВ: Koj му се заканувал со убиство?
Закани по живот добивал премиерот Зоран Заев.
Полицијата ќе поднесе кривична пријава против лицето коешто на социјалната мрежа Фејсбук му се заканувало со убиство на Заев.
Од МВР информираат дека во изминатиот период се детектирани шест кривични дела за закани кон Заев, тие се документирани, со соодветни известувања до Основното јавно обвинителство, и обезбедени се наредби до социјалната мрежа Фејсбук.
Од посочените шест кривични дела, откриено е лице коешто се сомничи за сторено кривично дело загрозување на сигурноста, а се однесува на регистрирана објава на еден македонски веб-портал по претходно објавена статија на социјалната мрежа Фејсбук, која во вид на закана е упатена до Заев.
„Во случајот осомничениот за кривичното дело е откриен во координација со Секторот за меѓународна полициска соработка со социјалната мрежа Фејсбук, како и со Интерпол-Берн (Швајцарија) и еден интернет-провајдер од Швајцарија. По целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното ОЈО“- велат од МВР.
Од таму напоменуваат дека на ист начин постапуваат по сите доставени пријави за закани за загрозување на безбедноста и сигурноста на сите граѓани.
