Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШЕСТ СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ УАПСЕНИ СО ФАЛСИФИКУВАНИ ДОКУМЕНТИ: имале документи со туѓи имиња, но и пари, печати од фрими и државни институции

ШЕСТ СТРАНСКИ ДРЖАВЈАНИ УАПСЕНИ СО ФАЛСИФИКУВАНИ ДОКУМЕНТИ: имале документи со туѓи имиња, но и пари, печати од фрими и државни институции

Уапсени се повеќе лица од Турција и Узбекистан поради фалсификување на дозовли за престој и други документи, откако биле извршени претреси во Скопје од страна на Министерството за внатрешни работи.

Од МВР посочуваат дека уапсени се шест лица, четворица од Турција, а две лица од Узбекистан.
- На 21.10.2025 во 01.30 часот, полициски службеници Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода А.З.(30), З.А.(26), Е.С.О.(20) и А.У.(51), сите од Турција, и Н.А.Т.(39) и А.Д.М.У.(27), двајцата од Узбекистан, поради сомнение за сторен прекршок по член 212 од Законот за странци и член 378 од Кривичниот законик - се наведува во објавата на МВР.
Од таму додаваат дека во домот на еден од уапсените пронајдени се пет лица без дозволи за престој, но и документи на имиња на други лица, и пари од повеќе различни валути. 
- При претрес во домот на А.З. во кој престојува на подрачјето на Чаир, извршен со судска наредба, а во кој се затекнати останатите пет лица без дозволи за престој, пронајдени и одземени се повеќе дозволи за престој на име на други лица, пари во различни валути и апоени, печати од приватни фирми и државни институции за кои постои индикација дека се фалсификувани, лап топ компјутери, турски патни исправи на име на други лица и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело - прецизираат од МВР.

Додаваат дека лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.


Слично

Поврзани вести