Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШЕСТ ПОЖАРИ ДИВЕАТ ВО ОКОЛИНАТА НА БИТОЛА И ПРИЛЕП - Екипите се на терен

ШЕСТ ПОЖАРИ ДИВЕАТ ВО ОКОЛИНАТА НА БИТОЛА И ПРИЛЕП - Екипите се на терен

Шест пожари се уште горат на неколку локации низ Македонија. 

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, според информациите што стигнале до Секторот за операции и координација, противпожарните тимови, некаде помогнати и од месното население, вчера успеале да изгаснат 30 пожари, но 6 пожари утрово сѐ уште се активни и на терен се пратени екипи за нивното контролирање, локализирање и догаснување. 

Активните пожари има во: 

- Општина Битола 3 пожари, кај с.Црничани (каде што гори нискостеблеста вегетација), с.Лознани (нискастеблеста вегетација) и кај с.Ивањевци (ниска вегетација)

- Општина Прилеп, 3 пожари - кај Слепче (ниска вегетација), с.Долнени (ниска вегетација) и кај с.Тројкрсти (ниска вегетација). 

 Изгаснатите 30 пожари се регистрирани низ цела Македонија и тоа во: 

- Општина Гази Баба, 2 пожара – кај с.Раштак (ниска вегетација и шума) и во кругот на фабрика „Железара“ (ниска вегетација); 

- Општина Кисела Вода, месност „Три круши“ (ниска вегетација и шума). - Општина Сарај, кај с.Кондово (каде што гори ниска 

- Општина Карпош,с.Нерези (депонија); 

- Општина Бутел,с.Радишани (ниска вегетација); 

- Општина Гази Баба,с.Брњарци (ниска вегетациуја); 

- Општина Прилеп, с.Ропотово место викано Дабјани (ниска вегетација); 

- Оптшина Крушево 2 пожари - кај с.Бучин(ниска вегетација) и кај с.Свето Митрани (депонија); 

- Општина Струмица, с.Просениково (стрниште); 

- Општина Струга, 3 пожари - кај с.Татеши(ниска вегетација и стрниште), с.Лабуништа(ниска вегетација), и кај с.Заграцани и Долна Белица (ниска вегетација и стрниште ; 

- Општина Кичево, 4 пожари – кај с.Туин (стрниште), с.Црвенци(стрниште), с.Зајаз (стрниште) и кај спортска сала во Кичево (стрниште); 

- Општина Македонски Брод, с.Грешница (ниска вегетација); - Општина Штип, до населба „Леваци“ (ниска вегетација); 

- Општина Кочани, с.Кучичино (ниска вегетација); 

- Општина Пробиштип, с.Бучиште (ниска вегетација); - Општина Брвеница, с.Милетино (борова шума); 

- Општина Гостивар, с.Градец(ниска вегетациуја); 

- Општина Куманово, 4 пожари – кај месноста „Аџитепе“ (ниска вегетација), с.Уминдол (ниска вегетација), с.Ваксинце (ниска вегетација), с.Матејче (ниска вегетација); 

- Општина Старо Нагоричане, с.Младо Нагоричане (ниска вегетација) и во 

- Општина Крива Паланка, кај с.Градец месност „Мачиште“ (каде што гореше борова шума и ниска вегетација).


Слично

Поврзани вести