Шест повреди во градски автобус во Скопје, сите завршиле во болница
Шест повреди се регистрирани во градски автобус во Скопје откако возачот нагло закочил вчера околу 14.30 часот на улицата „Втора македонска бригада“.
Станува збор за евидентирани повреди кај возачот и кај петмина патнизи, од кои со тешки повреди се здобил Џ.Д.(59) од Скопје и бил пренесен во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за да му биде укажана лекарска помош.
Во полицискиот извештај пишува дека со полесни повреди минале возачот и патниците А.И.(60), Т.В.(24), Љ.Б.(21), Е.И.(20) и Ќ.М.(58), сите од Скопје.
Дополнително, Ќ.М. била пренесена во градската општа болница „Свети Наум Охридски“, а останатите четворица патници биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
