Шест повредени во сообраќајка во велешко
Шестмина вчера се повредени во сообраќајка на патот Велес-Извор.
Во сообраќајката учествувале автомобил „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, управуван од А.М. (31) од Велес и камион „мерцедес“, без регистарски ознаки, а го возел Р.К. (60) од село Баница, струмичко. Со тешки телесни повреди се здобил возачот А.М. и негова малолетна сопатничка од село Горно Оризари, а со телесни повреди во велешката болница се пренесени А.Д. (38), Н.Д. (38), С.К. (30) и малолетен сопатник, сите од Горно Оризари. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Велес.
Слично
