ШЕСТ ЛУЃЕ СЕ ПОВРЕДЕНИ: Камион се заби во автобус
Камион со струмички ознаки во скопската приградска населба Дрма во правец кон Петровец се заби во автобус на ЈСП, при што повредени се шест лица.
Камион удри дирекно во автобус на Јавното сообраќјано претпријатие Скопје со број 52.
При незгодата, повредени се возачот на автобусот, возачот на камионот и четворица патници.
Камионот го управувал 27-годишниот А.Р. од Струмица, а автобусот И.Ц.(28).
Во незгодата се повредени и патниците во автобусот Ф.Ц.(29), К.Т.(36) и П.А.(18) сите од Скопје кои со возило на Итна помош се пренесени во градската општа болница „Свети Наум Охридски”.
Слично
