Шест луѓе починале од ковид во последното деноноќие, најмладиот е 40 години
Во последните 24 часа се направени 3.856 тестирања, а регистрирани се 29 нови случаи на КОВИД-1, информира Министерството за здравство. Најмногу новозаболени има во Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Тетово, Битола, Гостивар, Охрид, Виница и Кратово – по 2, Велес, Радовиш, Делчево и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани се 50 оздравени пациент од, но пријавени се вкупно 6 починати лица - по едно лице од Скопје (40 години), Куманово (78 години), Прилеп (95 години), Тетово (54 години), Штип (61 години) и Струмица (73 години).
Од пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите 5 во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 811.693 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.407, бројката на оздравени пациенти е 148.960, на починати е 5.448, а бројот на активни случаи изнесува 999.
