Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шест лица со потекло од Македонија повредени на автопатот Суботица-Нови Сад

Шест лица со потекло од Македонија повредени на автопатот Суботица-Нови Сад

Тешка сообраќајна несреќа се случи на автопатот Суботица-Нови Сад во Србија, при што се повредени шест лица со потекло од Македонија. 

Во близина на клучката кај Бачка Топола, околу 12,45 часот се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествуваа две патнички возила, а дури девет лица се повредени, јавуваат српските медиуми. Од полициското одделение Суботица велат дека девет повредени лица, учесници во сообраќајната несреќа, со возило на Итна медицинска помош се пренесени во болниците во Врбас и Суботица. Судирот на две возила се случил на иста сообраќајна лента кога едно од возилата, веројатно поради неприлагодена брзина, удрило во задниот десен дел од другиот автомобил. По судирот, едно возило се превртело и запрело покрај автопатот.

Несреќата се случила кога возачот на патнички автомобил БМВ со британски регистарски ознаки изгубил контрола над возилото поради неприлагодена брзина и густ сообраќај и удрил во задниот дел на „опел зафира“ со белгиски регистарски ознаки, кој бил запрен на лентата за застанување поради дефект.

Како што беше кажано за РТС во Општата болница во Суботица, шест учесници во несреќата, родители со четири деца, државјани на Белгија со потекло од Македонија, биле пренесени во оваа институција.

Децата и нивниот татко се полесно повредени, додека мајката е потешко повредена, се здобила со фрактура на карлицата.

Слично

Поврзани вести