Шест лица позитивни на ковид сакале да избегаат: Царина ги фати на аеродромот во Скопје
Шест лица позитивни на корона вирус се обиделе да заминат од Македонија преку аеродромот во Скопје. Царинската управа соопшти дека го спречиле обидот на шестмина луѓе кои во текот на минатата недела и покрај тоа што имале решенија за изолација сакале да патуваат.
„Патниците се евидентирани во системот РАВИО на Царинската управа кој се користи за автоматско следење и стопирање на лица кои се обидуваат да излезат преку аеродромите од државата и истите имаат активно решение за изолација издадено од страна на Државниот здравствен и санитарен инспекторат – ДСЗИ, велат од царина.
Инаку системот за контрола на патници-РАВИО е директно поврзан со Регистарот на EXIM на лица позитивни на Covid 19 за кој се одговорни службите од ДСЗИ при што по добиената нотификација овие лица се спречени да ја напуштат земјата и се ставени во изолација според здравствените протоколи.
